👁️  117

Македонската сениорска фудбалска репрезентација има гостински предизвик во квалификациите за Европското првенство во 2024 година или поточно соочување со Украина во Прага кое е закажано за в сабота од терминот од 15:00 часот.

Ова е исклучително важен меч за двете селекции со оглед на тоа што истите имаат освоено подеднаков број на бодови (7), па евентуална наша победа би можела да не стави во добра позиција за пласман и на шампионатот во Германија.

УЕФА веќе делегираше судија за оваа средби, арбитар кој редовно суди на големата сцена-тоа е Словенецот, Славко Винчиќ. Славко има 43 години и има доста натпревари зад себе на репрезентативно, клупско ниво со што УЕФА на најдобар можен начин покажува какво значање има дуелот во чешката престолнина.

На него ќе му помогаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека четврти судија е Давид Шмајц.