Опожарена била една соба во затворот Кшање, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, a потврдија надлежните од затворот.
Пожарот избувнал во пладневните часови, вчера.
-Веднаш е информирана противпожарната единица, полицијата, како и социјален работник, бидејќи лицето сместено во собата во притворското одделение е малолетно. При извлекување на притворените од собите еден полицаец од затворот е хоспитализиран поради задушување и му е пружена помош. Нема повредени осуденици. Пожарот е изгаснат, изјави за МИА, директорот на затвор Кшање, Ненад Цветковиќ.



