👁️  418

Пожар избувна синоќа во Капали чаршија во Истанбул, јавија турските медиуми.

Пожарот настанал во продавница за ташни и се проширил на покривот на покриениот пазар. Со интервенција на пожарникарите пожарот бил изгаснат, јави Си-Ен-Ен-Турк.

За да се запознае со ситуацијата, во Капали чаршија пристигна и градоначалникот на Истанбул, Давут Ѓул.

Во тек е истрага за утврдување на причините за пожарот.

Капали чаршија во Истанбул е со вкупна површина од 31 илјади квадратни метри и е еден од најстарите пазари во светот. Се протега на 64 улици, има 22 влеза и 3.600 продавници.