Веднаш беше ставен под контрола пожарот што рано утрово изби во делот со постелнина во општата болница Никеа во западниот дел на Атина, без при тоа да има повредени лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега, причините за пожарот се непознати, а интервенирале 30 пожарникари со 14 возила и специјално возило со скала.