👁️  12

Преку единствениот повикувачки број за итни повици 112, неколку пати од повеќе граѓани добиена е пријава за пожар на трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума на ридот близу Манастирот Св. Ѓорѓија кај село Соколарци, Општина Чешиново Облешево.

Oд ЦУК информираат дека три екипи на ТППЕ Кочани итно се упатени на терен, а повикани се и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.

Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчице, во дел на непристапен широк шумски појас.

-Поради опасност пожарот да се приближи кон населено место или да навлезе во високо квалитетна шума во секој момент кон пожарот ќе полетаат трите Ер трактори на ДЗС како и еден хеликоптер на МВР, велат од ЦУК.