👁️  40

Пожар беснее во поранешната фабрика ОХИС во Скопје, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што велат од таму, пријавата за пожарот ја добиле преку телефонскиот број за итни случаи 112, а опожарен е оџак и дрвна маса во еден од објектите на фабриката.

„Од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената Фабрика ОХИС, каде што е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата. Известени се БППЗ на град Скопје“, информираше ЦУК.