👁️  1671

Постар маж кој рани две жени во Косово Поле, претходно ги следел, а потоа се обидел да ја убие повозрасната жена, додека нејзината ќерка на возраст од околу 40 години била ранета во рацете додека се обидувала да ја заштити мајка си, изјавија за новинарите очевидци на несреќата, објавија косовските медиуми.

Очевидци тврдат дека двете повредени жени се во роднинска врска со осомничениот, но тоа не е официјално потврдена информација.

Случајот го потврди и портпаролката на косовската полиција Фљора Ахмети.

„Денеска во 11 часот и 45 минути полицијата добила информација за пукањето и ранувањето што се случило на улицата „Беса“ во Косово Поле, рече Ахмети.

Според податоците од болницата повозрасната жена има рани во пределот на стомакот и долните екстремитети, но и двете се во стабилна состојба.

Косовската полиција соопшти дека успеала да го идентификува осомничениот, но се уште не го уапсила.