ПОСЛЕДНИ ОСМИНАФИНАЛНИ МЕЧЕВИ НА ЕУРО 2024: Романија се соочува со Холандија, Австрија игра со Турција

Љубителите на фудбалот денеска ќе имаат можност да уживаат во последните два меча од осминафиналната фаза од натпреварувањето на ЕУРО 2024.

Романија игра против Холандија на Алианц Арена во Минхен, со почеток во 18:00 часот.

Репрезентациите на Австрија и Турција играат вечер во 21:00 часот на Ред Бул Арена во Лајпциг.


По 2 дена пауза, на 5 јули продолжуваат натпреварите од четвртфиналната фаза од Европското фудбалско првенство.

ФОТО: Скајспортс