Морган Рибеиро (20) од Велика Британија, кој имаше операција на желудникот во Турција, почина во Белград откако ѝ се слошило во авионот додека се враќала дома.
Морган Рибеиро на почетокот на јануари со своето момче отпатувала во Турција на операција на желудникот, која ја платила околу 3.000 евра. Неколку дена пред операцијата, несреќната девојка го објави своето последно видео на TikTok.
„Мојата последна објава пред операцијата за слабеење – се гледаме на другата страна“, пишува во описот.
Да потсетиме, таа беше оперирана во Турција на 5 јануари, а три дена подоцна ѝ беше кажано дека е безбедно да се врати дома. Морган Рибеиро и нејзиното момче Џејмс Брустер (19) се качиле во авионот за Лондон, но и се слошило за време на летот, поради што авионот итно бил спуштен во Белград, каде Морган и покрај сите напори на српските лекари починала.
My surgery date is 5/1/24 IF YOU WANT TO FOLLOW MY JOURNEY IVE TAGGED MY WLS ACCOUNT ❤️
♬ Confidence (sped up version) – Ocean Alley