👁️  19

Фолк пејачот Јордан Митев ќе стане татко. Тој и неговата сопруга Славица чекаат принова, а Митев ја потврдил веста.

„После многу турбуленции и многу други приватни работи конечно очекуваме да не огрее сонце кое ќе донесе радост. Така да наскоро ќе бидам татко, тоа е убава вест“, вели Митев во интервју за Гламур.

Јордан Митев долго време е дел од фолк сцената и важи за еден од омилените на публиката. Зад себе има еден куп песни, албуми и концерти.