Португалската фудбалска федерација се збогува со шпанскиот стручњак преку видео објавено на социјалната мрежа X, со натпис „Ви благодарам, Роберто Мартинез“.
По поразот од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, Мартинез веќе објави дека ја напушта функцијата селектор на португалската репрезентација, а на претседателот на фудбалскиот сојуз на земјата, Педро Проенса, му порача дека слободно може да почне да бара своја замена.
Шпанскиот стручњак стана селектор на португалската репрезентација во јануари 2023 година. Со португалската репрезентација беше шампион на Лигата на нации во сезоната 2024/25, додека во вкупно 45 натпревари во кои го водеше тимот, забележа 32 победи, шест нерешени резултати и седум порази.







