👁️  1083

Реномирана приватна клиника од Република Турција е во процес на купување на Клиниката Жан Митрев во Скопје, дознава 24инфо.

Според информациите до кои дојдовме, преговорите за преземање на клиниката започнале на почетокот на јуни оваа година, односно два месеци пред во јавноста да излезе аферата која го потресе македонското здравство.

Турската компанија која е сериозно заинтересирана за Клиниката Жан Митрев, во Турција важи за реномиран деловен субјект кој веќе има шест висококвалитетни приватни клиники во различни турски градови, кои нудат здравствени услуги по најсовремени методи.

Инаку Клиниката Жан Митрев ја вознемири јавноста по бројните сведоштва на роднини на починати пациенти кои тврдеа дека починатите пациенти се лекувале со непризнаени и експериментални методи, а при тоа кон клиниката плаќале и по десетици илјади евра.

По овие наоди Обвинителството отвори предмет, а на сопственикот на клиниката, на докторот Жан Митрев, одземен му беше пасошот.

Деновиве се појави уште еден скандал поврзан со болницата, односно дека на одделот за детска хирургија, Клиниката немала лиценциран доктор.