Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.