👁️  152

Екипата на Ајакс на ужасен начин ја започна новата сезона во холандското првенство и се наоѓа во голема криза, а проблемите се зголемуваат и со незавидната финасиска ситуација на клубот.

Гигантот од Амстердам има само една победа сезонава, што резултираше со отказ за тренерот Морис Стејн. На следниот натпревар тимот ќе биде предводен од Хедвигес Мадуро, кој не ги поседува потребните квалификации за подолг договор, па затоаа клубот ќе мора да назначи друго трајно решение за клупата.

Холандските медиуми на големо пишуваат дека тоа најверојатно ќе биде Џон ван Шип, кој е легенда на Ајакс и за овој клуб има одиграно 273 натпревари во кариерата. 59-годишниот Вант Шип беше тренер на Мелбурн Харт, Чивас од Мексико, и холандски Цволе, а јавноста најмногу го памети како селектор на Грција, каде работеше во периодот помеѓу 2019 и 2021 година.

Навивачите на славниот Ајакс бараат промени и подобрување на формата. Дел од поранешните легенди сметаат дека тимот е „зрел“ да се бори за опстанок, што би било еднакво на сензационален срам за најтрофејниот холандски клуб.

Ајакс е четирикратен европски шампион и сѐ уште ја поседува најквалитетната фудбалска школа во Европа.