Вистинска тажна приказна ни доаѓа од Велес и нашиот соговорник Сашко Тодоровски кој преку нашиот медиум сака целата македонска јавност да дознае со каква тортура се справува како вработен во Македонски пошти и тоа во последните седум години.
Станува збор за млад жител на Богомила кој се вработил во поштата во селото уште во 2006-та година како поштар, но поради нејасни причини е прераспределен во поштата во Велес, па за да стигне секојдневно на работа таму тргнува со првиот воз доколку го има (во моментов не) и патува по 50-тина километри во правец.
Неговата голгота трае веќе седум години, а како што вели неговиот работен ден не трае осум часа, туку некогаш и 12,13 часа кои ги губи во пат до работа и назад.
Македонски пошти месечно како возврат му дава 1500 денари за месечна карта за воз, која чини 2500 денари, вели тој.
Тој вели и дека во моментов поради тоа што нема возови, поради протестот на машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт веќе шести ден оди со такси на работа.
Тој во исто време се има пожалено и во Синдикатот на Македонска пошта, по што бил вратен во поштата во Богомила, но, тој повторно е вратен во Велес со изговор дека нема доволно поштари во Велес, а во Богомила доволно е само еден, наместо двајца поштари поради тоа што нема доволно работа.
Инаку ситуацијата да биде уште потешка и пожална како што вели има и болно детенце од аутизам, додека живее во заедница со сопругата и неговиот татко.
Како што вели не сака да биде жртва на нечија политичка структура и сака само да си ја работи работата професионално, но во човечки услови за работа.
Тодоровски се надева дека надлежните ќе имаат слух за неговата ситуација иако до сега не наишол на позитивен одговор и промена во моменталната ситуација.