👁️  5

Поради асфалтирање на патниот правец Преод – с.Стамер во периодот од 9 до 16 часот сообраќајот од Делчево кон с.Стамер ќе се одвива преку алтернативниот патен правец С.Град – С.Стамер.

Од фирмата изведувач информираат дека ваквиот режим на сообраќај ќе трае се до компленто асфалтирање на оваа делница.

Оваа делница како што претходно информираа од Општина Делчево ќе биде асфалтирана со вкупна должина на локалниот пат од 1,3 километри, односно од клучката од регионалниот пат Делчево-Берово до влезот на селото.

Средствата за реконструкција на локалниот пат за село Стамер се обезбедени преку Министерството за транспорт и врско во износ од 5,1 милиони денари со вклучен ДДВ. Градежните работи ги изведува Стоименов  ДООЕЛ Кочани. (МИА)