👁️  1489

„Два месеци цело семејство ни живее во неизвесност, откако мојот 29-годишен брат на осми септември излезе од дома и повеќе не се врати. Сите сме вознемирени, бараме одговори, но ни треба помош од јавноста, доколку некој нешто знае, доколку некој го забележал..молиме за информации“. Вака за Фокус раскажал Џани, брат на исчезнатиот Аднан Михтар од Скопје.

Фокус пренесува дека исчезнувањето на Михтар било пријавено во полиција на 16-ти септември, но неговаа фотографија се ште не била објавена на страницата за исчезнати лица на МВР. Тој изјавил дека во целиот овој период, надлежните само еднаш му се јавиле за да го прашаат дали Аднан се вратил дома.

„Неговото исчезнување се случи на осми септември, последен пат беше забележан во Бутел, каде што живееме, во близина на џамијата. Влегол во автомобил со еден човек и заминал во непознат правец. Тоа го дознавме од камерите на соседите. Човекот беше повикан на полициски разговор, знаеме дека кажал како го оставил брат ми во хотел во Скопје. Самите отидовме во хотелот, разговаравме со сопственичката на истиот. Таа ни потврди дека бил таму, останал до 10-ти септември и потоа си заминал. Не се проверени ниту камерите, да знаеме барем со кого и со што заминал“-раскажува загрижениот брат.

На профилите на Аднан на социјалните мрежи, тој ги немал отворено пораките кои му ги пратиле, и не бил активен ниту на една мрежа од денот кога исчезнал.

Семејството бара помош од јавноста, доколку некој го види, или пак доколку некој има информација да се јави кај братот на исчезнатиот, Џани на 070 922 722, или пак во полиција.