👁️  117

Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан.

Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил.

Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за оргија во дом на свештеник во градот Даброва Горница.

Според полските медиуми, машка проститутка колабирала на забава откако конзумирала премногу апчиња за еректилна дисфункција.

Еден од учесниците на забавата се јавил на Итната помош, но кога медицинските екипи пристигнале на местото на настанот не им било дозволено да влезат, туку му помогнале на човекот откако била повикана полиција.

Бискупот ги повика верниците да се молат за свештениците кои биле вклучени во тоа и другите луѓе кои не направиле ништо лошо, но биле погодени од нивното однесување, пишува дневниот весник Газета Виборца.

Свештеникот кој ја организирал забавата во неговиот стан, Томаш З., добил отказ, објави државната агенција ПАП.

Епархијата соопшти дека неговото однесување е „причина за голем скандал за верниците и дека тоа го оправдува негодувањето на јавноста“.