Полска ќе се кандидира за организација на Летни Олимписки игри во 2036 година, најави претседателот на оваа земја, Андржеј Дуда, за кои заинтересирани се Мексико и Индонезија.
„Сакам ова да го објавам, после консултација со полскиот Олимписки комитет и со министерот за спорт и Владата, наша амбиција и цел е да влеземе во битка за организација на ЛОИ 2036 година“, рече Дуда на прес-конференција во Закопане.
ЛОИ во 2024 година ќе се одржат во Париз, Лос Анџелес ќе биде домаќин на Игрите во 2028, а Бризбејн на тие во 2032 година.