ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА: Кремасто предјадење кое ќе ја украси секоја трпеза

Ви треба:

4 јајца
100 гр шунка или колбас
2-3 кисели краставички
3 лажици мајонез
2 лажици сенф
сол
бибер

Подготовка:

Сварете ги јајцата, па пресечете ги на половина и извадете ја жолчката.


Измешајте ги шунката, киселите краставички и жолчката, па сè зачинете со сенф и мајонез.

Добро измешајте ја целата смеса за убаво да се соединат состојките.

Наполнете ги јајцата со подготвената смеса, па декорирајте по желба.