Без добар однос со медиумите и добри реторички познавања, не може да се биде квалитетен политичар.
На Политичката Академија предавач беше Катерина Антовска таа се погрижи учесниците од оваа генерација на политичката академија да го збогатат своето знаење за медиумите, како и да ги усовршат своите вештини за јавното говорење.

Следен модул од нашата политичка академија е во сабота (11.11), каде нашите учесници ќе се запознаат со улогата на Македонија во Западен Балкан, порачаа младите на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.