👁️  355

Од МВР за Инфомакс потврдуваат дека акцијата се случила, но соопштуваат дека утре ќе излезат со повеќе детали за акцијата.

Инфомакс од свои изводи дознава дека во текот на денешниот ден полициски службеници од СВР Скопје во содејство со специјалците од “Тигар” беше реализирана голема акција на подрачјето на главниот град.

Како што дознаваме, во акцијата се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела, а при претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела.