👁️  859

Покана за хуманитарна акција во организација на Златно Перо а поддржана од Aurum Kitchen & Bar, Bozidar Nikolovski, Market Neapol – Ado, С.О.У Таки Даскало и електронскиот информативен медиум Analitikum.mk.


Сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедомразовци за дечињата од „Домот за деца без родители“.
Можност за донација ќе имаат претставници на мали, средни, големи претпријатија, занаетчии кои изработуваат (колачи), слаткарници, продавници за украси и играчки, здруженија на граѓани, училишта, градинки, факултети и сите добронамерни луѓе.

За таа цел „Златно Перо“ Битола организира работилница за социо-емоционален развој и донација на пакетчиња, храна, играчки, сликовници. На работилницата ќе има повеќе музички и поетски перформанси.

Со цел сензибилизација на децатата од Домот без родители во Битола, имајќи ја предвид стручната педагошка оспособеност на кадрите од здружението сметаме дека активностите треба да бидат насочени кон подготовка на новогодишни работилници за социоемоционален развој на децата и доближување на духот на празниците до самите деца.

Работилниците ќе се одвиваат интензивно во два работни дена односно шест работилници каде што децата ќе имаат можност да ги покажат своите креативни вештини и способности кои ќе влијаат врз нивниот емоционален развој и ќе направат да се чувствуваат згрижени како во вистински дом.

Ајде заедно 26 декември од 12 до 14часот ,,ДА ЈА ДОНЕСЕМЕ НОВОГОДИШНА БАЈКА ВО ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ‘’, контакт телефон 070 781 308, или официјалната страница на ЗЛАТНО ПЕРО.