Рускиот претседател Владимир Путин со одлуката да не присуствува на погребот на Михаил Горбчаов, последниот советски лидер, праќа намерна порака која го нагласува неговиот поинаков поглед на светот, вели еден од најистакнатите руски новинари.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рекол дека Путин во сабота има полн работен ден, вклучувајќи и интернет состаноци, меѓународен телефонски разговор и подготовки за економскиот форум во Владивосток следната недела.
Наместо тоа, рускиот лидер во четвртокот ја посетил московската болница во која Горбачов починал на возраст од 92 години и положил црвени рози покрај лешот на покојниот политичар.
„Тоа е некој вид на изјава“
Според Владимир Познер, новинарски ветеран кој неколку пати го интервјуирал Горбачов и кој добро ја познава руската политичка елита, одлуката на Путин да не присуствува на погребот била пресметана.
„Мислам дека тоа е некој вид на изјава“, рекол Познер во интервју за “Reuters”. „И не мислам дека господин Путин е голем обожавател на господинот Горбачов. Тоа е негово право, не мора да биде. Мислам дека тие светот го гледаат многу поинаку“, додал тој.
Путин колапсот на СССР го нарече најголема геополитичка катастрофа на 20-тиот векКолапсот на Советскиот Сојуз, кој Горбачов несвесно го водел, Путин го нарекол најголема геополитичка катастрофа на 20-тиот век.
Познер, кој рекол дека му се воодушевувал на Горбачов и дека му се допаѓал, иако покојниот политичар го критикувал во неговиот последен телефонски разговор, рекол дека ставот на Путин кон Борис Јелцин, неговиот претходник, бил многу поинаков.
Тоа може да се види во различните начини на кои Кремљ пристапил кон погребите на двајцата политичари. Телото на Горбачов ќе биде положено во сабота во сала во близина на Кремљ, каде се одржани и погребите на Владимир Ленин, Јосиф Сталин и Леонид Брежњев.Но, иако на Горбачов ќе му биде доделена почесна воена стража, неговиот погреб нема да биде државен. Наспроти тоа, Путин прогласил национален ден на жалост кога Јелцин, човекот кој го именувал за свој наследник, починал во 2007-ма година.

„СССР го растури Јелцин“
„Знаете дека Горбачов престана да биде претседател на СССР поради Јелцин“, рекол Познер.