👁️  1734

Здружението на граѓани за промоција на регионална соработка 22 Нентори во склоп на финасирањето на финансирањето на проекти од областа на социјалната инклузија со поддршка надлежната комисија за разгледување и одлучување при Општина Битола го одобри проектот со наслов” Домовите за стари лица имаат вредни придонеси за нашата заедница”.

Бидејќи концептот на предлог проектот предлага забавна активност преку поетско дружење со постарите лица, решивме младата и талентирана поетеса Марија Бакиевска да биде дел од проектот со промоција на нејзината поетска збирка во просториите на домот за стари лица “Сју Рајдер” каде што ќе пренесеме бројни пораки преку читање на нејзината поезија која секогаш вешто доминира во срцата на оние кои го сакаат убавиот збор и го љубат животот.

Изразувам голема благодарност до градоначалникот на општина Битола г-дин Тони Коњановски и комисијата за разгледување и одлучување на проектни апликации.

Голема благодарност до директорката на Домот за стари лица “Сју Рајдер” г-ѓа Мирјана Атанасовска и стручниот социјален соработник Маре исто и на ПР-от на настанот Јулијана Наумовска и младата поетеса Марија Бакиевска.