👁️  33

Политичарот од Босна и Херцеговина и поранешен член на Претседателството, Бериз Белкиќ почина денеска на 77-годишна возраст.

Белкиќ пред неколку дена имал мозочен удар, пишува „Ал Џезира“.

Бериз Белкиќ е роден во Сараево на 8 септември 1946 година.

Дипломирал во 1989 година на Економскиот факултет. Во Партијата за Босна и Херцеговина се приклучи во 1996 година, четири години подоцна стана потпретседател, а од 2012 година претседател на Политичкиот совет.

Во текот на својата кариера бил на повеќе раководни позиции. Од 1996 година, Белкиќ беше министер за труд, социјална политика, раселени лица и бегалци, а потоа од 1998 година, премиер на кантонот Сараево. Осум месеци во 2002 година, тој беше и член на Претседателството на БиХ.

На општите избори во 2000 година е избран за пратеник во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, а мандатот во ова тело го продолжува и по изборите во 2006 и 2010 година.

Пред многу години се повлече од политиката.

Ги остави сопругата Азра и синот Адмир.