👁️  2896

На 06.09.2022 во 11.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонски гемиџии“ кај железнички премин за населба Боримечка во Битола, товарно моторно возило „волво“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од И.П.(43) од Демир Хисар, удрило во пешакот Љ.Т.(55) од Битола.

Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.