Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, објави „Слободен печат“.

Пациентот починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга.

Во екипата која била задолжена да го транспортира пациентот имало лекар, медицинска сестра и возач.


Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август.

Вчера министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.