👁️  12

По повод 18 Август – Денот на Армијата, денеска во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што соопштија од канцеларијата на односи со јавноста на Генералштабот на АРМ, претходно, во попладневните часови во период по 15.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.