👁️  5

Текстот на грчкиот новинар Јоргос Цакирис посветен на чудесниот триумф на АЕК против Динамо Загреб (2-1) во натпреварот од 3.прелиминарно коло во Лигата на шампионите што се одигра на Максимир, предизвика големо внимание во јавноста и ги налути Хрватите.

Гостувањето на грчкиот клуб во Загреб сосема очекувано предизвика огромно внимание. По трагичните настани во Атина во кои животот го загуби 29-годишниот навивач на грчкиот клуб, Михалис Какурис, АЕК беше максимално мотивиран да дојде до победа на Максимир и на крајот и успеа.

По пресврт АЕК го совлада хрватскиот клуб со 2-1 и победата му ја посвети на убиениот навивач Михалис Качурис.

Για τον ΜΙΧΑΛΗ!#aekbc @AEK_FC_OFFICIAL pic.twitter.com/bQZ5uqwH6t

— AEK B.C. (@aekbcgr) August 15, 2023

Херојот на натпреварот Костантинос Галанопулос откако го постигна победничкиот гол, ја извади црната лента и ја крена раката високо кон небото, а неговиот емотивен гест ја воодушеви јавноста во Грција.

Новинарот Цакирис во текстот со наслов „Михалис, виде ли што им направи Галанос? Во твоја чест, ним во лице“ ги опиша настаните на Максимир за кој посочи дека е неонацистички стадион.

„Михалис, брат, се надевам дека се забавуваш во рајот. АЕК победи на неонацистичкиот стадион, а Костас Галанопулос славеше пред нивните навивачи во твоја чест со високо крената црна лента. Постигна гол во нивниот дом, тоа боли повеќе од сѐ. Детето на клубот славеше, како Господ да ставил сè во ред“ – се наведува во текстот.

„Секогаш кога го гледам вториот гол се обидувам да ги запрам солзите, но не можам. Движењето на Костас, неговата реакција на голот, целата наша болка…“ – додава грчкиот новинар.

Тој во текстот ги прозива и навивачите на загрепскиот клуб.

„Деновиве доживуваме невиден срам, обиди да се оцрни споменот на Михалис. Ни требаше оваа победа, овој гол, оваа прослава пред неонацистите во Загреб. Михалис брате наш, слави и прими извинување за ова што се случува долу, за оние кои не го почитуваат споменот на тебе и им вртат грб на нацистите, Хрвати и Грци од Динамо и од Панатинаикос“ – пишува во текстот на грчкиот новинар кој предизвика огромна бура во хрватската јавност.

Реванш натпреварот во Атина ќе се одигра во сабота, во 20.45 часот.