
Сплитските полицајци го приведоа познатиот актер Сергеј Трифуновиќ.
Според информациите на Слободна Далмација, тој денеска го шетал своето куче на сплитски Каштелет, па им пречел на граѓаните кои го пријавиле.
Откако пристигнала полицијата, Сергеј почнал да ги навредува и омаловажува, поради што полицијата морала да реагира со приведување.
Пријавен е за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци. Тој моментално се наоѓа во Сплитскиот прекршочен суд каде дава исказ.
Како што дознава Слободна Далмација, станува збор за германски овчар со кој Трифуновиќ си поиграл и ги игнорирал забелешките на минувачите и граѓаните кои потоа биле принудени да повикаат полиција.