👁️  3841

Во нашата установа право да обојуваат имаат само децата – се друго е политичко профитерство за ефтини партиски поени!

Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на денешната итна седница [24 август 2О22 година] а по основ на обидот на Министерството за образование и наука да го затвори студиото а со тоа и згасне светскиот бренд “Мал Битолски Монмартр” ги изгласа следните Одлуки и Заклучоци:

1. Управниот одбор донесе едногласен Заклучок со кој со гадење експлицитно ги отфрла сите обиди за политичко обојување на проблемот со кој се соочува Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

2. Управниот одбор донесе едногласен Заклучок со кој се констатира дека Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е формирано како иницијатива пред 54 години во 1968 година по иницијатива на СИЗ за образование.

Конечното формирање е на 27 септември 1981 година во Скопје а со работа Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола започнува на 1 октомври 1981 година во Битола.

41. година Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на годишно ниво бесплатно едуцира по 6О до 8О млади ликовни таленти на годишна возраст од 5 до 2О години.

Министерството за образование и наука 3О години даваше поддршка на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во форма на три параметри [една плата за технички секретар – електрична енергија и телефонски трошоци] по што вчера реши да ја прекине поддршката.

Министерот Јетон Шаќири синоќа не повика на Состанок во Скопје но бидејќи немаше конкретна понуда присуството на истиот го одбивме.

3. Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола донесе едногласна Одлука со која децидно ја одбива понудата на Министерката за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска која ја смета за несериозна и навредлива. Управниот одбор смета дека е несериозно светскиот бренд “Мал Битолски Монмартр” да стане дел од Центарот за култура Битола како национална установа а Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола да продолжи со аплицирање кон проекти. Тоа е крадење на мала врата на трудот и вредностите кои Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ги стекнало низ 41 година. Тоа е срамен предлог а не решение на кое треба да помисли министер кој доаѓа од Битола. Ние со предлогот се чуствувамe понижени.

4. Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола донесе едногласна Одлука со која се прифаќа финансиската поддршка за плата и трошоци до крајот на годината понудена од страна на Општина Битола. Управниот одбор делегира работно тело кое итно ќе оствари средба со Градоначалникот на Општината и Советот на Општина Битола.

5. Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола едногласно ги донесе и следните Заклучоци:

– именување на трочлено работно тело за кризно работење на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола;

– отворање на просториите на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за финансиска и логистичка поддршка од граѓаните – општествено одговорните компании и претставниците на Дипломатско конзуларните претставништва на странски земји во Македонија од О9:3O до 17 часот секој ден;

– редовно одржување на бесплатни часови по ликовна едукација на засега пријавени 5О ученици за учебната 2О22/2О23 година со почеток од 1О септември 2O22 година;

– реализирање на активности за средби и информирање на нашите партнери од цел свет – УНЕСКО – ОН како и организации за нега и заштита на детското сликарство за обидот за затворање на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и згаснување на “Малиот Битолски Монмартр”.

6. Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола најавува прес конференција за средствата за јавно информирање за петок [26 август 2О22] со почеток во 11 часот на вториот кат [Национална детска ликовна галерија “Монмартр”] За сите останати активности и одлуки Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ќе се произнесе јавно.

Ние остануваме доследни на последните зборови на нашиот основач и светски признат ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски дека брендот “Мал Битолски Монмартр” е свет за сите деца од целиот свет и истото ќе остане нераздвојлив дел од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола. Искрено ваши [работно Претседателство од Управниот Одбор – Основачи] Елена Хаџи-Антоновска Ангела Каранфилова Славчо Неделковски, стои во соопштението до јавноста од Детско ликовно студио.