По повеќе од две децении, ракометниот бренд Киелце ќе добие нов сопственик. Откако во претходните години се мачеше, клубот беше дури и пред банкрот, па се спасуваше, компанијата на Бертус Сервас реши да се повлече.
Официјално, нов сопственик на Киелце е „Свиетокриска Индустриал Груп Индустриа СА“. Како претседател на клубот ќе фигурира Магдалена Шчукиевич, затворајќи ја ерата на Сервас во Киелце.
„Сакам да се заблагодарам на сите со кои соработував и нè поддржуваа во овие 20 години. Заедно го изградивме името на овој клуб“, прокоментира емотивниот Сервас.