👁️  54

Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално текстот од прес-конференцијата:

Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е претпријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот.

Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ за 2021 година изготвен во 2023 година констатира дека се вршело издавање на испратници за исечено дрво без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола.

ДЗР практично кажува дека не се знаело кој сече, колку и кога, ниту кој плаќа.

Со СДС и ДУИ во Национални шуми ова претпријатие дошло до состојба да нема плати да се поделат на вработените.

Неспособноста заврши со нив. 100% одговорно за твојата иднина.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ