👁️  12

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се ранети денеска кога две руски ракети паднаа врз станбена зграда во Покровск, во источна Украина, соопшти официјален Киев.

-Пет мртви и 18 ранети е резултатот на двата напада на станбена зграда во Покровск, изјави на каналот Телеграм украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Тој кажа дека во првиот удар загинале четири жители на зградата, а во вториот напад загинал и еден од спасувачите.