👁️  691

Од архивата на битолскиот хроничар Стефан Чекутков -СТАРИ БИТОЛЧАНИ за Аналитикум

Роден е на 6 – ти декември 1973 година во Битола. Тој е дете на Битолскиот фудбал и фудбалската кариера ја започна во Фк „ПЕЛИСТЕР“. Неговиот фудбалски талент првично дојде до израз во младинските категории на Фк „ПЕЛИСТЕР“. Тоа не остана незабележано од фудбалските стручњаци и со неполни 18 години застана на голот на Фк „Пелистер“. Со неговите бравурозни одбрани го сврти вниманието на многу клубови. Така во својата богата фудбалска кариера ќе брани за повеќе фудбалски екипи: за матичниот Фк „Пелистер“настапувал од 1989 – 1997 год, Фк „Вардар“ од 1997-1998 год., Фк „Трабзонспорт“ (Турција) од 1998-2001 год., Фк. „Малатјаспор“ (Турција) од 1998 – 2004 год.,Фк. „Акчабат-Себатспор“ (Турција) од 2004 – 2005 год. и за Фк. „Еносис Неон Паралимини“ (Кипар) од 2005 – 2012 година. На голот на Македонската фудбалска репрезентација застана во 1998 – 2011 година и имаше 59 настапи.

Во иднина Градскиот фудбалски стадион ќе го носи името „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“. Според мене, повеќе од ЗАСЛУЖЕНО. Што се однесува до името на Стадионот „ПОД ТУМБЕ КАФЕ“ носталгијата и убавите спомени поврзани со тоа име за секогаш ќе останат евидентирани во „ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА“ односно „МЕМОРИЈАТА“ на спортска- фудбалска Битола. Тоа и да сакаме неможеме да го заборавиме и избришиме од нашата меморија. Па нели, мои Битолчани секој ден рекреираме по тоа РИДЧЕ на кое од памти века нашите предци му го дале името „ТУМБЕ КАФЕ“ (тумбе турски збор, вртење, првртување, тркалање). Само уште нешто, белќим ќе се најде некој  паметен да се погрижи, да го реновира КАФАНЧЕТО. Зошто? Убаво ќе биде, кога рекреираме, да одмориме и да се напиме кафе или некое сокче на ова ЛЕГЕНДАРНО БИТОЛСКО ИЗЛЕТНИЧКО МЕСТО. А на враќање, од „ВИСОЧИНКАТА“ ќе бидеме ИМРЕСИОНИРАНИ од изгледот на Градскиот фудбалски стадион „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“ и истовремено на помладата популација и евентуалниот гостин ќе им кажуваме дека тоа е име на еден фантастичен голман, прекрасно воспитано момче и ЛЕГЕНДА на Битолскот фудбал.

Автор: СТЕФАН ЧЕКУТКОВ