На 30.08.2022 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во К.П.(68) од Скопје.

-Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.