Пеп Гвардиола го напушта Манчестер Сити

Пеп Гвардиола донесе конечна одлука да го напушти Манчестер Сити по завршувањето на актуелната сезона, пренесува „Дејли Мејл“.

Според информациите, неговиот последен натпревар на клупата на „граѓаните“ ќе биде домашниот дуел против Астон Вила во последното коло од Премиер – лигата.

Наводно, одлуката на Гвардиола е конечна без разлика дали Сити ќе успее да ја освои титулата пред Арсенал во драматичната завршница на сезоната.

Англиските медиуми тврдат дека клубот веќе ги информирал спонзорите за заминувањето на шпанскиот стратег, а официјалната потврда се очекува во недела.