Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер изјави дека не смета дека Хезболах ќе ги ескалира борбите со Израел. Во изјава за Би-Би-Си тој нагласува дека „поширок регионален конфликт е оттргнат“.

„Во моментов гледаме дека овој конфликт е ограничен меѓу Израел и Хамас“, вели тој.