👁️  33

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со синот Огнен, денеска даруваше крв на хуманитарен настан организиран од амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Хуманитарниот настан за дарување крв и донирање храна, организиран во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиологија, годинава се одржува по 15-ти пат во сеќавање на трагичните настани од 11 септември 2001 година. Крв даруваат и многу други познати личности и политичари, како и обични граѓани.