👁️  187

Најновата студија спроведена од агенциите за труд и миграција на ОН заедно со фондацијата „Вок фри“ укажува дека 50 милиони луѓе низ светот се заробени во принудна работа или присилни бракови. Како што беше соопштено на промоцијата на студијата, загрижува фактот што оваа бројка е драстично зголемена последните години

Студија на Обединетите нации објави предупредувачки информации што се однесуваат на целиот светСпоред студијата на ООН, односно од Агенциите за труд и миграција на ОН заедно со фондацијата „Вок фри“, на крајот на минатата година, 28 милиони луѓе биле на принудна работа, а 22 милиони живееле во принуден брак. Тоа значи дека речиси еден од секои 150 луѓе во светот е вклучен во модерни облици на ропство, се вели во извештајот. Притоа се укажува дека Обединетите нации веќе претходно имаа поставено цел да ги искоренат сите форми на модерно ропство до 2030 година. Но, како што се наведува во новиот извештај, наместо тоа, бројот на луѓе заробени на принудна работа или присилни бракови се зголеми за 10 милиони меѓу 2016 година и 2021 година.

– Шокантно е што ситуацијата на модерното ропство не се подобрува. Ништо не може да го оправда продолжувањето на оваа фундаментална злоупотреба на човековите права – рече Гај Рајдер, шеф на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Пандемијата на ковид-19 дополнително го зголеми проблемот

Пандемијата на ковид-19, која ги влоши условите за живот и работа, ги зголеми долговите на многу работници, а со тоа го зголеми и ризикот. Заедно со ефектите од климатските промени и оружените конфликти, тоа придонесе за „невидени нарушувања на вработувањето и образованието, зголемување на екстремната сиромаштија и присилната и опасна миграција“, интензивирајќи ја заканата. Во извештајот се предупредува дека ова е долгорочен проблем, со процени дека заробувањето во принудна работа може да трае со години, а присилниот брак често е „доживотна казна затвор“.

Жените и децата се најранливи. Децата сочинуваат едно од пет лица на принудна работа, а повеќе од половина се вклучени во комерцијална сексуална експлоатација, се вели во извештајот. Во исто време, тие се повеќе од трипати поголеми шанси да бидат подложени на принудна работа отколку возрасните работници немигранти, се наведува во извештајот.

– Овој извештај ја нагласува итната потреба да се осигури дека целата миграција е безбедна и организирана – рече Антонио Виторино, шеф на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Модерното ропство е присутно во речиси сите земји во светот, при што повеќе од половина од случаите на принудната работа и една четвртина од принудните бракови се случуваат во земјите со висок и среден приход.Извештајот покажа дека бројот на луѓе – главно жени и девојчиња – во принудни бракови е зголемен за дури 6,6 милиони од последната глобална процена во 2016 година.

Злоупотреба на принудната работа во затворите

Во истиот период, бројот на лица подложени на принудна работа се зголеми за 2,7 милиони. Зголемувањето целосно се должи на поголемата принудна работа во приватната економија, вклучувајќи ја и присилната комерцијална сексуална експлоатација.Но извештајот, исто така, покажа дека 14 отсто од оние што биле подложени на принудна работа извршуваат работи наметнати од Владата, што предизвикува загриженост за злоупотреба на принудната работа во затворите во голем број земји, вклучувајќи и во Соединетите Американски Држави.

Извештајот, исто така, ја истакна сериозната загриженост изразена од Канцеларијата за човекови права на ОН за „веродостојните извештаи за принудна работа под исклучително тешки услови“ во Северна Кореја. Тој, исто така, укажува на ситуацијата во Кина, каде што неколку агенции на ОН предупредија на можна принудна работа. Пекинг жестоко ги отфрли обвинувањата, велејќи дека раководи со центри за стручна обука за да помогне во искоренувањето на екстремизмот. Во извештајот објавен од поранешната претставничка за човекови права на ОН, Мишел Башелет, на 31 август, се вели дека се потребни повеќе информации, но дека шемите за вработување во регионот се чини дека се дискриминаторски и „вклучуваат елементи на принуда“.Извештајот го поздрави фактот дека Кина ја ратификува Конвенцијата на МОТ за принудна работа минатиот месец, создавајќи „нов момент за соработка со Владата и социјалните партнери за да се остварат овие прашања и да се бори против принудната работа“.