

Доколку сте расположени за лесен летен оброк, ви препорачуваме полнети печурки со зеленчук.
СОСТОЈКИ:
600 гр поголеми печурки
главица кромидморков, тиквичкицрвена и жолта пиперка
два домати
маслиново масло
половина чаша пармезан сирење
половина шолја рендана гаудасол, бибер, зачини
ПОДГОТОВКА:
Печурките измијте ги, исушете ги, извадете ги дршките, па ситно исечкајте ги. Морковите, тиквичките, пиперките и доматите исечкајте ги на ситни коцки. Во тава на малку масло на кратко пропржете ситно сечканиот кромид и стебленцата од печурките, па додадете го преостанатиот зеленчук.
Динстајте десет минути, додека зеленчукот не омекне, а вишокот течност не испари. Потоа додадете сол, бибер и пармезан, па тргнете го од оган.
Наполнете ги печурките со подготвената смеса, ставете ги на плех обложен со хартија за печење, посипете со рендана гауда и печете во рерна на 200 степени околу 15-20 минути.