Зоран Паљо Лазаровски сподели со јавноста за тоа дека и оваа година ќе се одржи ,,Паљо Класик” во негова организација.
Уште 80 тите Петар Челик ја прогласи Битола за град на Боди Билдингот и Фитнесот во Југославија од 25 милиони луѓе, рече овде секој втор има тегој под креветот на таван по визби секој втор вежба. Затоa сакам таа традиција да ја воздигнам на европско ниво, да се слушни за Битола и за Македонија секаде.
Да се обединиме како еден сите за овај Прекрасен настан ве молам сите фирми, приватни, државни, мали, големи, кој како може да помогнете, да спонзорирате. Сите донации одат за награди и за организација да растеме во наградите да бидиме бр 1 во Европа, лани Фондот беше 5000, оваа година 6300 евра со зголемувањето на фондот ќе се зголеми и бројот на шампионите од Европската и Светската сцена на нашата сцена во нашата Битола и ќе се стимулират наши Битолски и Македонски млади таленти.
Јас го сакам ова од моментот кога почнав да тренирам на таван 1985 година со нула услови, го сакам шо да прам времето лета затоа го прам ова да остани во историјата и долго од кога ќе не нема нас. Многу ми е мило што покрај Манаки и Трчај Бе имаме ваков трет голем настан во Битола, македонскиот Боди Билдингот и Фитнесот имат многу голем успех на меѓународната сцена многу Балкански, Европски и Светски Титули.
За прошлиот Паљо Класик добив признание од Општина Битола за најдобро организиран и оргинален натпревар. Секој што сака да биди дел од спонзорите, јавете се на 070782111 или пишете на месенџер.
Да се обединиме сите на 1 ви Октомври Дом на култура во Битола, натпреварувачи, публика, спонзори, љубители на спортот и на Битола.
Најспортскиот град во Македонија да Светниме Силно Ураааааааааааааа за Битола Урааааа за Македонија, порача организаторот на ,,Паљо Класик”, Зоран Паљо Лазаровски.