👁️  19

Палестинските сили во центарот на Рамала употребија солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите кои фрлаа камења и скандираа против палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Како што јави Ал Џезира, протестите се реакција на нападот врз болницата во Газа.

Според очевидци на кои се повикува телевизијата, судири со палестинските безбедносни сили вечерва избувнале во голем број други градови на Западниот Брег. (МИА)