👁️  145

Руската валута денеска на кратко го надмина симболичниот праг од сто рубљи за еден американски долар поради одливот на валути и намалувањето на суфицитот на тековната сметка на земјата.

Потоа руската валута поврати дел од загубите и беше котирана на ниво од 99,41 рубљи за долар, откако достигна 100,2550 рубљи за долар.

Последниот трицифрен пад на рубљата, во август, ја поттикна Банката на Русија да преземе итно зголемување на каматните стапки од 350 базични поени (3,5 процентни поени) на 12 отсто додека властите разговараа за повторно воведување на контроли за зајакнување на валутата.