👁️  243

На почетокот на емотивната врска, повеќето парови се опседнати со страст. Но, како што поминува времето, страста се намалува, па на сцена стапуваат сличностите и разликите помеѓу партнерите, кои всушност се клучни за тоа дали ќе продолжат да функционираат како пар или ќе се разделат.

Експертите за врска тврдат дека постои кратка и ефектна реченица која може да ја спаси секоја врска, односно брак, од раскинување и развод.

„Ти благодарам“, гласи реченицата.

„Најдлабокиот принцип во човековата природа е желбата да се чувствуваме ценети“, вели американскиот психолог Вилијам Џејмс.

Благодарноста е подарок што им го даваме на другите и кој не нè чини ништо. Заблагодарувањето преку ефективна комуникација ги подобрува односите меѓу партнерите повеќе од било што материјално.

Зошто тогаш станавме толку скржави кога треба да ѝ кажеме „благодарам“ на „другата половина“ секогаш кога ќе направи нешто за нас?

Дали станавме премногу зафатени?

Премногу себични?Премногу тврдоглави?

Дури и најголемите љубови паѓаат во опасна замка кога партнерите почнуваат да ги земаат здраво за готово добрите работи што „другата половина“ ги прави за нив.

Кога ќе почувствувате дека ситуацијата во вашата врска или брак станува напната, застанете и запрашајте се кога последен пат сте се почувствувале ценети. Исто така, подеднакво е важно да се сетите кога последен пат сте направиле нешто за вашата „друга половина“ да се чувствува ценето. Ова помага да се отстрани лутината, фрустрацијата, стравот и болката и ви овозможува повторно да ја фокусирате вашата енергија на добра и здрава комуникација.

Благодарноста не може да се потроши.

Обрнете внимание на она што го прави вашиот партнер и заблагодарете се за тоа. Освен што ќе го разбудите чувството за важност и благодарност кај „другата половина“, и самите ќе се чувствувате подобро.

Не оставајте работите да се поразбираат, бидејќи тоа е сигурен пат до колапс на врската или бракот.