👁️  103

Позната по својот живот „на висока нога“ исполнет со луксуз, гламур и раскош, меѓу кои составен дел е и престојот на разни егзотични дестинации и скапите подароци, некогашната многу популарна ТВ водителка, денеска можеби важи за најпознатата скопска трендсетерка.

Станува збор секако за Мелита Ракичевиќ, жената која во минатото со години зрачеше со својата природна убавина, но се чини дека бројните естетски корекции кои ги носи „новото време“ и тоа како оставиле трага пред се врз лицето на познатата водителка.

Имено, Ракичевиќ деновиве се појави во популарниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров, а под видеото се редат низа коментари за нејзиниот изглед. Иако јавноста често може да ја види Мелита на фотографиите кои таа ги споделува, а кои секако се преполни со филтри и фотошоп, сепак реалниот нејзин изглед се чини е малце поинаков од она што сака да го претстави во јавноста.