👁️  418

На 05.09.2022 во 21:18 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Ј.С. од Куманово.

Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Ј.С. пријавил дека со повредите се здобил во с.Војник, општина Старо Нагоричане.

Како што пријавил тој, додека шетал бил погоден од овчар, кој со воздушна пушка пукал кон кучиња.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.