👁️  1272

Кристина Арнаудова веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ранливите категории, најмногу на децата.

Нашата позната пејачка и хуманитарец, Кристина Арнаудова во една прилика има раскажано за нејзината мајка Мери, и за тоа колку се всушност двете поврзани.

– Мајка ми ме родила многу многу млада, тоа се случило, и бидејќи таа веќе била спремна да замине на факултет во тој момент, баба ми и дедо ми не биле во тој момент за таа да чува дете, но таа не сакала да се откаже од мене и се запишала на факултет, и го заврши тогаш факултетот и сега мајка ми е електро-инженер.

Потоа, новинарката ја праша за татко ѝ , популариот пејач Гоце Арнаудов, за тоа кога за првпат дознала дека тој ѝ е татко.

-Јас вакви работи одбегнувам да зборувам, особено зашто тој веќе не е меѓу нас, но првпат дознав кога бев петто одделение.

Четврто или петто оддление бев кога дознав дека татко ми е пејач, тој во тоа време не живееше во Македонија, живееше во Србија. И тогаш мајка ми веќе сметала дека е време, дека ќе разберам веќе се, бидејќи јас често прашував.

Бидејќи децата околу мене ме прашуваа: Како може да немаш татко. На таа возраст сфатив, а тогаш веќе кај мене беше многу изразена желбата за пеење. И веројатно тоа можеби ја поттикнало мајка ми да ми каже.

Кристина Арнаудова пред некое време на Фејсбук емотивно си ја отвори душата и кажа дека решила повторнои да пропее и кажа и како тоа се случило:

– Пред години решив…сама со себе се договорив, дека бавењето со музика во оваа земја, каде не не есапат, нема логика, поента, економска исплатливост на вложеното, а ни душевно задоволство, бидејќи нема како да се стигне до публиката…

Во тој момент решив дека сум многу покорисна со мојата хуманитарна работа, за оваа земја, отколку со музика, во земја каде пеачите, музичарите, уметниците се последно дупче на свирчето….

-Од една страна нормално е дека си горд што си наследник на еден вонвременски вокал, талент како Гоце Арнаудов, а од друга страна цело време се трудиш да изградиш своја кариера и да објасниш дека не си разгалено дети ште“, рече Кристина која инаку нагласи дека се борела со квалитет.

„Со сестра ми и брат ми сме во одлични односи, и баш живееме како семејство, и често делиме убави моменти.

Кристина на својот профил на Фејсбук ги покажа братот и сестрата со кои има кажано дека ретко се гледаат. Кристина и сестра ѝ многу си личат, само што таа е плавуша, за разлика од Кристина која има црна коса.