👁️  852

Од утре ќе има намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит., додека на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,436 ден/кг и сега ќе изнесува 49,483 ден/кг.

Од полноќ ќе важат следните цени во малопродажбата:

Моторен бензин

ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 90,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 100,50 (денари/литар)

Масло за горење

Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 49,483 (денари/килограм)